(ВИДЕО) Мисајловски: Во недела двојна победа, и за Сиљановска и за Стоилков

Од:

„Денеска имаме една убава прилика, една убава можност тука во пазарот во Ново Село да разговараме со граѓаните, да ги замолиме повторно да излезат на претстојните избори како што сите знаеме во Ново Село имаме локални и претседателски избори.

Имаме одличен кандидат кој впрочем е до мене и кој имаше одличен резултат но само за 20-тина гласа мора да имаме втор круг и повторно ќе треба да го избереме сите заедно се разбира граѓаните на Ново Село и за да добие градоначалник Општината Ново Село“, рече Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас сакам да се заблагодарам на сите граѓани што излегоа и што ја дадоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, за Николчо но секако и за професорката Гордана Сиљановска Давкова.

Сакам да ги замолам сите граѓани да видат една разлика, да видат една позитивна енергија што ја има нашиот кандидат за градоначалник, а се разбира и нашата новата претседателка на Република Македонија.

Посетивме многу домови, допревме до многу граѓани, разговаравме со нив, и имавме одличен резултат. Но за малку, за милиметри или сантиметри ќе добиевме градоначалник, и затоа ги замолувам сите да излеземе заедно да ја поддржиме Гордана Сиљановска Давкова и тука во Ново Село да го поддржиме Николчо.

Николчо ветува многу проекти во својата програма има енергија, млад човек кој навистина сака да се докаже и да направи многу за Општината. Затоа ајде сите да излеземе во недела да гласаме за Николчо тука во Ново Село и да гласаме за Гордана Сиљановска Давкова“, изјави Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање