(ВИДЕО) Мисајловски: Во Кучевишка Бара и Бел Камен ќе изградиме целосна подземна инфраструктура и нов асфалт

Од:

Кучевишка Бара и Бел Камен ќе добијат комплетна инфраструктура, вети денеска Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 2 на средба со граѓаните во Бутел.

-Тоа го ветивме пред граѓаните и еве уште еднаш го повторувам значи за тие две населени места, кој се на помеѓу две општини, ние како централна власт јавно се заложуваме дека ќе ги решиме сите инфраструктурни проекти, а не како власта сега незаконски да отиде да постави и да фрли малку асфалт колку да ги замачка очите, рече Мисајловски.

Тој нагласи дека повторно е во Бутел при завршувањето на кампањата, за да ја почувствуваат победничкатта еуфорија во општината.

-Јас се заблагодарив на сите граѓани кои што ни ја даваат поддршката што постојано беа со нас на терен, и се разбира и сите граѓани кои ни ги отворија портите што можевме да разговараме со нив, да размениме мислења на сите оние средби со граѓани. Јас ја чувствувам оваа позитивна енергија во Бутел и се надевам дека на 15 јули ќе се види огромната победа и сите ќе бидат со нас насмевка на лицата бидејќи следи Обнова на Бутел, рече Мисајловски.

Како што рече во тие две населени места треба целосна подземна инфраструктура, а се разбира и потоа асфалтирање и нови тротоари.

-Затоа јавно го говориме ова да знаат граѓаните да бидат спокојни дека ние ќе обезбедиме средства и ќе им помогнеме. Но, не само на тие две населени места, туку насекаде во Бутел. Како што можеме да слушнеме во последно време дека оваа општина Бутел и ова раководство нема едно камче поместено, може само некоја ограда од школо да фарбала и тоа е тоа. Затоа почитувани пријатели, почитувани сограѓани сите да излезете на 15 јули и кажете доста е време е за обнова, време е за бројот 14, рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања