(ВИДЕО) Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е сила која заедно со народот може да ги промени овие штетни политичари кои што ни нанесоа срам

Од:

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеничката Дафина Стојаноска, со Жаклина Пешевска исто така пратеничката од Гази Баба и со претседателот на општинскиот комитет, Бобан Стефановски разговараа со граѓаните на Гази Баба.

„Денеска ќе пробаме со повеќе целни групи да се видими и да разговараме со пензионерите, да разговараме со здравствените работници, но сепак овие средби се на отворено со не толку многу народ бидејќи знаете пандемијата е околу нас, знаете вакцини дека нема, заради тоа пробуваме овие средби да ги одржуваме постојано, но да бидеме се разбира внимателни.

Моментално во Македонија нема вакцини, секој месец слушаме дека ќе стигнат, ни никако да стигнат. Во Македонија нема капитални проекти. Во Македонија нема реформи. Во Македонија има само еден голем срам, има една срамна Влада која што не срами насекаде каде и да отиде, што и да направи“, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ ветивме и во минатото, и јас како носител на изборната единица 2 ветив и кажав дека постојано ќе доаѓам тука на терен да разговарам со граѓаните. Знаеме дека сме спречени од пандемијата, знаеме дека треба овие средби да бидат да кажам со помалку граѓани, но мораме.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е силата на ВМРО-ДПМНЕ да биде тука на лице место со народот. После оваа изјава моја ќе имам повеќе разговори и се разбира ќе ги слушнам сите оние проблеми што ги мачат граѓаните, но моментално најголемиот проблем е што граѓаните се разочарани од владеењето на оваа власт.

Затоа е добро што сме тука со нив и набрзо сите заедно да го повикаме целиот македонски народ да ни се приклучи. Секој оној кој што има чесна намера да дојде заедно со нас за да ги тргнеме овие срамни политичари што се од власта. Ама мораме тоа сите да го направиме заедно, бидејќи само ВМРО-ДПМНЕ може да ја смени оваа власт.

ВМРО-ДПМНЕ е сила која заедно со народот може да ги промени овие штетни политичари. Затоа ајде сите заедно не само вака на средби, туку и насекаде во Македонија да се сплотиме и заеднички да ги промениме“, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик