(ВИДЕО) Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, во некои општини разликата оди и до 10:1

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, разликата е некаде 3:1, има општини кадешто е 6:1, 7:1, а има општини кадешто е 10:1, а во некои општини СДСМ е трета партија. Досега веќе се одбраа градоначалници во Кисела Вода, во Охрид, во Радовиш, во Берово, во Ѓорче Петров, во Гази Баба, во Пехчево, во Делчево, во Прилеп, во Битола, во Гевгелија, во Сопиште, во Штип, во Велес, Бутел, во Аеродром, во Јегуновце, во Вевчани, и на многу други места, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– Гласовите се пребројуваат а резултатите укажуваат на водство. На прагот сме на убедлива победа во Струмица. Орце води убедливо, убедливо за Скопје. Бројките ги собираме и ве молам да бидеме прецизни. Во однос на споменатите нерегуларности од страна на СДСМ, ќе го кажам следново: Разликата е толку убедлива и огромна што нема простор за ваквото алиби на СДСМ со кое сакаат да се оправдаат од изборниот дебакл. Изворот и причините за својот дебакал треба да си го бараат во сопствените редови. Што се однесува за ДУИ, очигледно дека се декласирани, Али ќе има време да си го анализира својот пораз. Оваа победа е резултат на многу работа, посветеност и одобрување на политиките кои ги водиме. Македонија избира да оди напред, а не да се враќа назад, благодарам Македонијо, благодарам за историската победа, рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини