(ВИДЕО) Мисајловски: Сите граѓани да ни се приклучат и да ја дадат нивната поддршка за Гордана Силјановска Давкова

Од:

Денеска сме тука во Старо Нагоричане заедно со техничкиот заменик министер во земјоделие Цветан Трипуновски нашиот пријател од ВМРО-ДПМНЕ со нашите коалициони партнери, бедеми во коалицијата, сите заеднички и сложно да идеме од врата на врата да посетиме граѓани да разговараме со земјоделци и да ја претставиме нашата програма за следните парламентарни избори, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

– Најважно од се за овие претседателски избори да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат, да имаме една прекрасна кандидатка Гордана Силјановска Давкова и сакам тука од Старо Нагоричане да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат и да ја дадат поддршката за Гордана Силјановска Давкова. Сложно обединето, сите заеднички од тука порачуваме, голема победа, големи промени и Македонија да ја направиме повторно горда сите заеднички, сплотени како што сме тука заедно. Очекувам граѓаните да ни се приклучат и да направиме историја, најголема победа бидејќи народот заслужува подобра иднина – нагласи Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

(ВИДЕО) Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, во некои општини разликата оди и до 10:1

Горан Наумовски

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, на затворена седница Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

Мисајловски: Поголемо издвојување за одбраната ќе биде еден од приоритетите на Владата