(ВИДЕО) Мисајловски: Една година стагнација, Заев ниту има план, ниту знае како да ја води државата

Од:

„Лаги, расипништво и економско пропаѓање. Ова се главните обележја на едногодишното владеење на Зоран Заев и криминалниот клан околу него. Животот дојде, но само за Заев, Вицето, Анѓушев, Шекеринска и функционерите на СДСМ.

Сите останати граѓани се борат за преживување, а државата е клекната на колена. Бесрамно се тргува со највисоките национални и државни интереси за да се покрие неспособноста на владата.

Народот осиромашува. Се зголемуваат акцизите, а цените на горивата неконтролирано растат. СДСМ ги понижува сиромашните дека тоа немале да го почувствуваат затоа што тие и онака не се како Заеви па не возат автомобили. Повисоки пензии нема, а нема ни просечна плата од 30.000 денари“, рече Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Една година СДСМ е една година стагнација. Економијата на Република Македонија тоне. Оваа влада ниту има план, ниту знае како да ја води државата.

Во услови на економски раст во сите земји од регионот и Европа, БДП во Република Македонија заглави на нула. Капитални инвестиции нема, а власта се задолжува без основа. Јавниот долг за првпат во историјата ја надмина психолошката граница од 5 милијарди евра. Секое семејство должи 10.200 евра. Новото задолжување само за првите три месеци од 2018 година изнесува над 300 милиони евра.

Криминалниот картел е целосно без компас. Владата планира да продолжи со расипништвото и во наредните две години. Според фискалната стратегија на Министерството за финансии, јавниот долг до 2021 ќе надмине и 6 милијарди евра. Владата која наследи долг од 4.7 милијарди евра во 2017 година, ако продолжи со расипништвото до крајот на мандатот ќе го зголеми долгот за неверојатни милијарда и пол евра.

Недозволиво е да имаме милиони задолжување, а ниту една капитална инвестиција. Недозволиво е парите кои ги враќаат граѓаните да завршуваат во џебовите на криминалниот картел. Задолжувањето е единствено оправдано кога со истото се финансираат капитални инвестиции. Капитални инвестиции нема. Нивото на нивна реализација е едвај 11% за првите 4 месеци од 2018 година, а со вакво темпо до крајот на година се доведува во прашање дали владата ќе може да изреализира и половина од тоа што го планирале и ветиле. Ова е знак на класична неодговорност, неработа и незнаење.

Од проекти во инфраструктурата видовме само дека знаат да играат чочек во тунели изградени од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Сите инфраструктурни проекти со кои овој криминален картел сега се фали, без никаква основа беа стопирани повеќе месеци, а некои од нив и година дена. Автопатот Демир Капија – Смоквица, целосно завршен од владата на ВМРО-ДПМНЕ чекаше цела година пред да биде пуштен во употреба. Работата на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, како и друг број на магистрални патишта низ државата беше со месеци во застој. Сега гледаме како истите инфраструктурни објекти и проекти кои беа во крајна фаза на реализација уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ ги претставуваат како свои. Добро е СДСМ да ги продолжи проектите што ги започна ВМРО-ДПМНЕ, но мора поголема посветеност и ефикасност во реализацијата, но истовремено и да се обидат да осмислат и отпочнат и нови проекти.

Оваа влада е нула на инфраструктурен план. Нема ништо од најавените 600 километри нов автопат, ниту од 550 километри магистрални патишта. Оваа влада не може да ги пушти во употреба ниту патиштата кои ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше до завршна фаза. Оваа влада е пример за неспособност и неработа.

Целото градежништво е во пад, а со него и 20 други индустриски гранки. Бројот на издадени градежни дозволи во март оваа година е за 45% помал од истите издадени лани.

Додека стопанството тоне, власта ги зголемува даноците. Покачувањето на акцизата на дизелот за 3.5 денари, е директен удар врз сиромашните и врз бизнис заедницата. Штетите по нивниот џеб се повеќе од над 40 милиони евра. Индиректните штети се неколку пати зголемени. Доколку пред само една година со една просечна плата граѓаните можеле да купат 487 литри дизел, сега можат да купат само 364 литри или 123 литри помалку.

Најавеното покачување на данокот на доход, за сите граѓани со приход над 1000 евра, е директен удар врз младите од високо доходовните струки, како програмери и инженери, кои останале во Република Македонија. Оваа власт е на пат да изврши економски егзодус врз државата и граѓаните.

Инвестиции нема, платите не само што не се 500-тини евра, туку и паѓаат. Просечната плата во февруари во однос на јануари оваа година падна за околу 900 денари. Нема 100.000 денари плати за лекарите, нема 15% поврат на ДДВ, нема социјална помош од 12.000 денари, нема ништо од тоа што го вети овој криминален картел на чело со Зоран Заев“, изјави Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Огромни суми на пари од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми на Заев, а кои имаат тесна врска со Филипче

СДСМ обвинува: ВМРО-ДПМНЕ вработува 50 свои луѓе во РЕК Осломеј

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски