(ВИДЕО) Мирчевски: Се обврзуваме! Ќе обезбедиме здрава животна средина

Од:

„Помина цела година откако градот Скопје и другите градови, па и Министерството за животна излегоа со таканаречени препораки за намалување на загадувањето. Но дали се намали? Не. Цела година, а посебно во последните неколку денови, повторно дишеме воздух кој е загаден неколку пати над дозволеното.

Да потсетам, смртноста од мозочни удари, кардиоваскуларни заболувања, рак на белите дробови во Македонија е двојно поголема од останатите земји, а загадувањето на воздухот учествува со 40 проценти во создавање на компликации кај овие болести- велат здравствените експерти. Аерозагадувањето не го напаѓа само респираторниот систем, туку влијае на сите органи и системи во организмот. А децата се најосетливата група на која влијае загадувањето на воздухот.

Што преземаат државните и локалните власти ова да се промени? Реално, ништо.
Наместо координирани и конкретни мерки за заштита од загадувањето, излегуваат со препораки до граѓаните да ги проветруваат просториите во домовите и да не излегуваат од дома.

Реално, во текот на изминатите години од своето владеење, оваа гарнитура на власт само придонесе состојбата да се влоши. Со непланското градење го попречија протокот на воздух и можноста за природно проветрување. Дополнително ги зголемија површините наменети за автомобили уште повеќе, ги проширија улиците на сметка на зеленилото и пешачките патеки. Тротоарите им ги одземаа на пешаците и ги пренаменија во платени паркинзи. Дозволија увоз на стари и нееколошки возила.

Да повторам, надлежните до сега не преземаа ни една организирана, конкретна мерка да се намали загадувањето на воздухот и да се зачува здравјето на граѓаните.

Мерките против аерозагадувањето треба да се насочени кон изворите. Затоа, Социјалдемократскиот сојуз во својот План за живот, покрај другото предвидува:

Спроведување нови режими на сообраќај во поголемите градови, и промоција на употреба на гасни горива од типот природен гас и пропан- бутан. Дополнително, ќе го стимулираме јавниот и организираниот превоз во градските средини и во поголемите компании.

Обезбедување поволни кредити за замена на еколошки застарени технолошки линии и инсталација со ефикасни системи за намалување на загадувачките емисии.

Најитна, приоритетна мерка за намалување на загадувањето на воздухот е итната промена на власта. Граѓаните имаат право на чиста и здрава животна средина. После 11 декември ние тоа ќе им го овозможиме“, изјави Пеце Мирчевски, претседател на Комсијата за животна средина на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?