(ВИДЕО) Мирчевска: Скандалозоно е најцентарското училиште да биде затворено од санитарна инспекција на почеток на годината

Од:

„Денес е 5- септември, а вратите на ОУ “Гоце Делчев“ се заклучени. Деца внатре нема !

Родителите се оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат околу чување на децата.

Градоначалникот Саша Богдановиќ мува не го лази. Не го интересира ниту почеток на школска година ниту обврските на родителите. Тој и неговите неспособни соработници не стигнале на време да ги испланираат и завршат подготовките за старт на учебната година.

Скандалозоно е најцентарското училиште да биде затворено од санитарна инспекција на почеток на годината“, изјави Јована Мирчевска, советник во Советот на Општина Ценар, од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во училишната зграда нема врати, додека скелињата се поставени пред неколку дена. Дворот е полн со шут и ѓубре поради изведба на работите а се шпекулира дека се поплавени подрумските простории, просториите каде се приготвува храната за дечињата, а поплавена била и училишната сала.

Ваквото однесување од страна на Богдановиќ и директорката на ова училиште е крајно несериозно и противзаконско.

Според член 38 став 6 од Законот за основно образование „Воспитно-образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност со Министерството“.

Во овој случај немаме ниту природна непогода ниту епидемија. Имаме класично неодговорно и несовесно работење од страна на директoрката и градоначалникот.

Богдановиќ е должен да даде одоговори зошто за прв пат во историјата на Центар ова школо не е почнато со работа како сите други низ Македонија.

Одговорност мора да има. Центарци не гласаа за некој да си игра на овој начин со нив“, изјави советникот во Советот на Општина Ценар, од ВМРО-ДПМНЕ, Јована Мирчевска.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски