(ВИДЕО) Mирчески: Загадувањето е огромно, болниците се преполни, итно е потребна Влада на граѓаните!

Од:

„Огромно е загадувањето и на ниските температури. Власта во заминување досега не презема ништо против загадувањето, поради што болниците се преполни со хронични болни, но и со деца! Во ризик е здравјето на граѓаните! Има и жртви. Загадувањето на воздухот, и лекарите велат дека е една од причните за компликациите по здравјето на луѓето.

Еве, синоќа на мерната станица Битола 2 измерени дури 808 микрограми на еден кубен метар ПМ10 честички, што е за 16 пати повеќе од максимално дозволената граница. Во Лисиче се измерени 714 микрограми на кубен метар, што е за 14 пати над дозволеното. Во општина Центар се измерени 625 микрограми на еден кубен метар ПМ10 честички, односно 12 и пол пати надмаксимално дозволената граница.

Предупредуваме дека мора итно да преземат мерки за заштита на граѓаните, посебно во услови на грип, вируси и инфекции.

Потребни се краткорочни мерки во деновите на високо загадување на воздухот, како и одговорни еколошки политики.

Тоа значи гасификација на Скопје, но и на другите градови. За најголемите загадувачи да се обезбедат субвенции за најсовремени филтри. Субвенционирање на фотоволтаични уреди за користење на сонцето како природен енергенс.

Оваа власт во заминување тоа ниту има совест да го направи, ниту може.

Итно е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија којашто ќе води реални политики за реалните потреби на граѓаните“, изјави Пеце Мирчески, претседател на Комисијата за животна средина и член на Извршниот одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата