(ВИДЕО) Мирчески: СДСМ има конкретни мерки за намалување на загаденоста, треба веднаш да се спроведат

Од:

Ситуацијата со загадениот воздух е повеќе од алармантна, вие тоа многу добро го знаете. Колку се гушите наместо да дишете чувствувате секојдневно. За жал, огромен е бројот на оние коишто се принудени да бараат помош од лекар, заради загрозеното здравје. Цели десет години Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не преземаа ништо, немаат решение за загадениот воздух, вели Пеце Мирчески, претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање на СДСМ.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија знае што треба да се направи. Ние се грижиме за интересите на граѓаните и нивното здравје.

Затоа, бараме надлежните веднаш да ги спроведат овие конкретни мерки за намалување на загаденоста:

– Наместо поскапување на билетите за јавниот превоз, да се воведе субвенција која ќе важи за сите во зимските месеци.

– Веднаш да се подготви стратегија за вклучување на поголем број домаќинства на системите на централно греење во сите поголеми градови, каде загаденоста е на високо ниво, и тоа да биде субвенционирано од страна на Владата.

– Да се воведат грантови за инсталирани соларни панели (а не за ќумбиња на пелети), грантови за изолација на објекти и инсталација на енергетски ефикасни апарати.

– Наместо тајно и преку ноќ да се атакува на последните дрвја што се обидуваат да ни дадат малку кислород, градот Скопје итно да забрани сеча на постојните дрва и да започне со санирање на сите уништени зелени површини.

– Да се задолжат инспекторите за животна средина да ги посетат сите субјекти кои вршат промена на масло на возилата за да проверат како се постапува со искористеното масло, дали соодветно се складира и предава или се користи за греење.

– Владата итно да предложи, а Собранието да изгласа одлука за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите на Буџетот, со која тројно ќе се зголемат средствата во Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на заштита на животната средина.

Ова се конкрентни мерки. Само со сериозен и одговорен пристап може да се променат работите.

Во Македонија има 1.350 смртни случаи поради загаден воздух а Владата на премиерот во замиување, Никола Груевски, наместо да понудат конкретни решенија на своите седници носи банални заклучоци, префрлајќи ја топката од едно министерство на друго.

Зарем е битно во чија надлежност се мерните станици, ако тие покажуваат зголемено ниво на ПМ10 честички и до 20 пати над дозволеното? И не само на нив. Зголемени вредности почна да се покажуваат и кај јаглеродниот моноксид, но и кај останатите полутанти.

Потребна е итна и неодложна реакција, а не долги дискусии за тоа која лабораторијата ќе вршела испитување на хемискиот состав на ПМ10 честичките.

Да повторам, врвен приоритет треба да биде здравјето на граѓаните, а не баналните проекти со кои само се манипулира јавноста и се тера бизнисот на фамилијата. Затоа, бараме преземање на конкретни мерки, сега и веднаш!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата