(ВИДЕО) Мираковска: Мицкоски не успеа да ги изврши наредбите на шефот од Будимпешта

Од:

„Во ВМРО-ДПМНЕ стравот и паниката од одговорност кулминираат, последен доказ за тоа е денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ против правдата и одговорноста. Христијан Мицкоски не успеа да ги изврши наредбите од неговиот шеф во Будимпешта Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ не успеа во Собранието да го закочи процесот на носење на Законот за јавно обвинителство“, рече потпретседателката на НСДП, Соња Мираковска.

Мираковска оцени дека со Законот за јавно обвинителство се обезбедува еднаквост пред правдата, силно независно правосудство и одговорност од секој кој сторил криминал.

„Тоа не треба никого да го плаши. Напротив сите оние кои се залагаат за правда вистински, а не декларативно треба да бидат свесни дека со носење на сетот закони од правосудството, на правосудниот систем му ги обезбедивме сите неопходни алатки за да може брзо и ефикасно да се дојде до правда, еднаква за сите граѓани“, рече Мираковска.

„Ако се борат за правда нивните борци кои впрочем беа најгласни против Законот за јавно бвинителство, а против дел од нив се покренати обвиненија, требаше да инсистираат на судски постапки низ кои ќе ја докажат својата невиност, а не да изнаоѓаат безброј начини за одлагање на постапките со цел да застарат предметите. Ниту Мицковски, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту било кој друг неможат повеќе да ја спречат правдата и секој таков обид ќе биде неуспешен“, додаде Мираковска.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ