ВИДЕО: Министерот Спасовски на средба со претставници на дваесетина невладини организации

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со претставници на дваесетина невладини организации кои во текот на минатата година беа предмет на истрага покрената на барање на Државната комисија за спречување на корупцијата.

На средбата на која присуствуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски, директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, претставниците на граѓанските организации беа информирани дека не се потврдени сомнежите односно не се обезбедени докази за субјектите кои се предмет на криминалистичката обработка.

Министерот информираше дека по завршување на проверките во рамки на меѓуинституционалната криминалистичка обработка, од сите извршени проверки по барањата од ОЈО за ГОКК, доставени се известувања до ОЈО за ГОКК, во кои е наведено дека сомнежите се неосновани, а врз основа на прибавените информации е констатирано дека нема основи за понатамошна истрага.

Врз основа на тоа, истражните органи до јавното обвинителство доставија предлог за затворањен на истрагата.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец