ВИДЕО: Министерот Спасовски ги посети кандидатите за полициски службеници во Центарот за обука

Од:

Ова е почеток на селекцијата и сите кандидати ќе поминат неколку нивоа на селекција за на крајот да ги одбереме најдобрите кандидати за полицајци што во иднина ќе и служат на нашата држава, рече министерот Оливер Спасовски по денешната посета на Центарот за обука во Идризово, каде во тек е селекцијата на кандидатите кои се пријавија на последниот конкурс за полициски службеници.

-Исклучително важно е да имаме квалитетни полициски службеници. Изминатите години имаше пракса да не се почитуваат никакви критериуми и стандарди и на тој начин се рушеше системот на македонската полиција. Сега стандардите мора да бидат исполнети од секој кој што сака да биде полицаец. Знам дека постојат многу реакции од оние кои што не можат да ги поминат тестовите, но не може секој да биде полицаец. Сакаме да имаме квалитетни луѓе-рече министерот Спасовски.

На конкурсот се пријавија околу 3.300 кандидати за полициски службеници, а по соодветната селекција ќе бидат одбрани 500-тини полициски службеници.

– Сакам да упатам апел до сите овие млади луѓе кои се определуваат да бидат полицајци дека ова е исклучително чесна и одговорна позиција и треба да бидат пример како треба да и се служи на Република Македонија- рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски најави дека во иднина ќе се направат соодветни реформи што ќе придонесат за подобрување на Центарот за обука, односно на образовниот процес , со цел да се овозможи поквалитетна едукација на полициските кадри.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он