ВИДЕО: Министерот Абдулаќим Адеми не излезе пред студентите

Од:

Студентите најдолго протестираа пред министерството за образование. Од министерот Абдулаќим Адеми побараа да слезе од својата канцеларија и да се соочи со нив и да ги слушне нивните барања.

Двајца студенти до министерството доставија писмо каде ги образложуваат своите барања зошто екстерното тестирање на факултетите е лош проект.

Студентите од пред министерството порачаа дека нема политика во нивниот протест а факт кој го потврдувал тоа бил масовното присуство на нивни колеги кој го поддржале протестот без разлика на етничка, верска или политичка припадност.

Студентите посочија дека имаат безрезервна поддршка од професорите кои се против екстерното тестирање а за да го искажат јавно револтот од проектот ги ослободиле да не доаѓаат на предавање.

„Власта ќе остане глува на нашите барања тоа е сигурно, власата е глува од кога е на власт. Се надевам дека ние како граѓани ќе ја срушиме власта, ние ја бираме како граѓани ние ќе ја срушиме. Ние немаме никакви права и тоа што го слушаме секој ден на телевизија се само бајки и да не гледа некој од страна ќе речат овие македонци одлично живееле. Студентскиот парламент не излезе на протест поради политика, Студентскиот парламент е исто толку вреден колку и владата“, рекоа студентите.

Според студентите екстерното тестирање ќе направи само проблеми а проектот на владата ја подкопува и автономијата на факултетите.

„Инсистираме на средба со министерот. Имено и во самото писмо кое му го пишавме на министерот бараме средба со него за да разговараме за проблемите“, рекоа студентите.

Студентите рекоа дека со минимален вложен труд околу организација на протестот присуствувале огромен број на студенти, што покажувало дека студентите извадиле црвен картон за есктерното.

„Може да се обединиме како студенти без партиски и национални симболи. Студентската критична маса расте и не треба обесхрабрување ова е само почеток“, рекоа студентите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар