(ВИДЕО) Милошоски: Со Заев и Ахмети наместо европска Македонија, станавме Колумбија во Европа

Од:

„Почитувани, денеска би сакале да кажеме повеќе за последниот скандалозен предлог закон на приавтната влада на Заев и Ахмети за ставање на европско знаменце на предлог законот за бизнис со дрога, марихуана. Сметаме дека ова е скандалозем чин со којшто по којзнае кој пат се злоупотребува европското знаменце за теми кои немаат никаква унифицирана регулатива во Европската унија. Заев и Ахмети четири години ги лажат граѓаните дека од државата ќе направат европска Македонија за со овој предлог закон за трговија со дрога да направат Македонија да биде Колумбија со Европа, земја во која трговијата со дрога онака како што правеше началникот на МВР во Прилеп, ќе стане легален бизнис на семејството Заеви и на неговите коалициони партнери“, рече Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто овој закон е скандалозен, не само заради европското знаменце, туку и заради тоа што премиерот ја приватизира Владата за носење на закони кои значат бизнис профит за неговото потесно семејство. Најголемиот дел од бизнисот со садење на марихуана, и веројатно и продажба на црно на таа марихуана во Македонија го водат Трајче Заев, Бобан Заев и Радиша Заев и многу неформални плантажи кои не гласат на нивна сопственост се управувани од овие луѓе.

Затоа сметаме дека со ваквиот предлог закон само ќе има зголемен профит за фирмите „МАМ“ Свети Николе и за фирмата „Фарма Медикал“ од Валандово коишто се во директна сопственост на блиската фамилија на Заев. Тоа значи дека во Македонија ќе почнат да владеат картели, младината ќе стане се поподложна на психотропни супстанции, врз младите ќе прават профит овие фамилијарни блиски пријатели на Заев, а земјата ќе стане едно пристаниште и магнет за нелегалниот бизнис со дрога со коијшто се занимаваат луѓе како Седат Пекер , Биг Мајк и сите оние 215 нарко мафијаши од светски размери кои добија македонски пасоши со лажен идентитет.

Затоа апелираме и до Делегацијата на Европската унија и во Европската комисија во Брисел, да го стопираат ваквото злоупотребување на европското знаменце за приватните бизнис интереси на Заев и на Ахмети. Владата во изминатиов период покажа дека европското знаменце го третира само како една валкана крпа со којашто ги покрива криминалните предлог знакони коишто за Заев и Ахмети значат бизнис профит, за Македонија значат губење на имоџот, а за младината голема штета и ризик“, изјави Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски