(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Од:

Инцидентот во Собранието се случил откако претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми го ставил дневниот ред на гласање.

Прва на говорницата излезе пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која стиска на системот за гласање, а по неа и Антонијо Милошоски. Тој го трга микрофонот на кој Адеми зборува. И тогаш, Адеми удира по раката на Милошоски. Ова е регистрирано и од собраниските камери.

Откако Милошоски не ја трга раката од собранискиот микрофон, Адеми го удира и по вторпат па му ја тегне раката. Адеми, станува од фотелјата и го удира Милошоски по третпат. Потоа, нервозно станува и со порцеланска шоља за кафе фрла кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се пред неговиот пулт.

Милошоски му вели: „Удри, ајде, удри, удри“, по што Адеми фрла со шољата, а потоа и други предмети. Со пластично шише вода фрла и го удира Милошоски.

„А1он“ се обиде да исконтактира со Милошоски и Адеми, но не одговараат на повиците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во авион, патниците мораа насилникот да го врзат со селотејп

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање