(ВИДЕО) Милошоски: Фирма на Вице Заев и 29 други струмички фирми профитирале со речиси 13 милиони евра од неплаќање кредити кон Еуростандард

Од:

На денешната расправа на седницата на Собранието се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”, Антонио Милошоски кој на гувернерката Бежовска и` посочи дека 29 фирми кои се блиски до семејството Заеви, меѓу која и фирмата “Сара инженеринг” која е фирма на Вице Заев, “Глобал Медиа Груп”, како и “Тритерол”, бизнис партнери на Зоран Заев како поранешен градоначалник, со месеци наназад не ги плаќале кредитите во Еуростандард банка.

„Овие 29 фирми блиски до Заеви, меѓу кои и фирмите кои се во нивен посед, оствариле добивка од Еуростандард банка 12.800.000 евра поради неплаќањето на кредитите, на штета на штедачите кои имале средства во Еуростандард банка“, рече Милошоски.

Тој и посочи на Бежовска дека таа требала да ги знае овие информации од ревизиите, особено од 22-ри мај, кога е воведен дневен надзор над банката.

Милошоски уште еднаш ја запраша гувернерката, зошто дозволила овие 29 фирми блиски до Заеви да не ги плаќаат кредитите и да остваруваат добивка на грбот на штедачите, и исто така дали за овие работи била информирана, а не реагирала.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска