(ВИДЕО) Милошоски: Делегатите ќе одлучат за оставката на Груевски и за идните кандидати

Од:

Антонијо Милошоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека состанокот на ИК поминал во добра атмосфера и заеднички било одлучено на 23 декември да се одржи вонреден конгрес.

– Делегатите од редовниот конгрес од Куманово треба да бидат известени, бидејќи истите ќе бидат делегати и на вонредниот конгрес. Ќе се одлучува за оставката на претседателот Груевски и за кандидатите кои би аплицирале за позицијата, рече Милошоски и додаде дека очекува делегатите да одлучат кои ќе бидат луѓето кои ќе бидат кандидати за нов претседател на партијата.

Милошоски кажа дека во партијата имаат став дека најважно е да се случи оставката и да се задржи кохезијата во партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?