(ВИДЕО) Милошев: Смртноста кај новороденчињата во Македонија зголемена за 34%

Од:

Македонија е единствена земја во регионов каде што постои растечки тренд на смртност на новороденчињата. Податоците од Статистичките анекси на Извештаите од Европската комисија, за земјите кандидати за членство во ЕУ, покажуваат дека во споредба со Албанија, БИХ, Црна Гора, Србија и Турција, Македонија е единствената земја во којашто последователно, три години по ред, се зголемува смртноста на новороденчињата, вели Владимир Милошев.

Извадок од Извештајот на ЕК за Македонија (стр.62):

Извадок од извештајот на ЕК за Македонија

Податоците на Европската комисија покажуваат дека во Македонија, зголемувањето на смртноста кај новороденчињата е за фрапантни 34%, односно, од 7.6 во 2011 година до 10.2 во 2013 година.

За споредба, во истиот овој период, во земји како Албанија и Босна и Херцеговина, смртноста на новороденчињата се намалува за околу 10%.
Според ЕУРОСТАТ просекот во ЕУ на овој индикатор е 3.8. Стапката во Македонија е 268% над овој просек. Додека во останатиот дел од Европа и светот се намалува смртноста кај новороденчињата благодарејќи на медицинското знаење, технологија, и подобрување на условите за живот, Македонија е на дното на Европскиот континент.

EUROSTAT

Смртноста на новороденчињата е показател, не само на катастрофалната состојба во која што е здравството во Македонија, туку и на општеството во целина. Сиромаштијата, лошите услови за живот, погрешните политики, тоа се причините. Затоа овие податоци се наоѓаат во Извештајот на Европската Комисија.
Ние, граѓаните, сме загрижени за овој поразителен факт за Република Македонија. Неодговорноста на власта ја загрозува иднината на државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Колку чини чантата на сопругата на Орце Ѓорѓиевски: СДСМ вели 30 илјади долари, таа одговори дека е 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!