(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

Од:

Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на фемицид, кога растат насилствата и убиствата врз жени поради неспособноста на институциите, Миленко Неделковски, пуленот на ВМРО-ДПМНЕ, јавно изнесува навреди и омаловажувања кон жените. Ваквото однесување мора веднаш и најстрого да биде санкционирано. Бараме Миленко Неделковски веднаш да биде разрешен од функцијата извршен директор на ФК Вардар, изјави Панче Милевски Панта од Комисија за спорт на СДСМ.

– Најтрофејниот македонски фудбалски клуб не смее да си дозволи да има вакви личности во своите редови. Ниту македонскиот спорт, ниту спортските работници, ниту навивачите, ниту граѓаните не заслужуваат човек кој шири омраза и навреди да биде претставник на клубот. Очекуваме реакција и санкционирање од сите надлежни институции, јасна осуда од сите граѓански здруженија, организации, јавни личности, спортски клубови. Повикуваме говорот на омраза и навредите кон жените веднаш да бидат осудени од Фудбалската федерација на Македонија и Масар Омерагиќ, Министерството за спорт и Борко Ристески, MOK како и од сите клубови кои се натпреваруваат во првата македонска фудбалска лига. Спортот е вредност која поврзува, која промовира фер-плеј, почит и еднаквост. Во спортот нема место за ликови како Миленко Неделковски. ВМРО-ДПМНЕ не смее да молчи туку веднаш треба да се огради и да го осуди говорот на Неделковски бидејќи молкот е соучесништво, а премолчувањето значи охрабрување на насилството. Ова не прашање на политика, ова е прашање на лична безбедност, достоинство и почит кон жените во ова општество. Време е да се заземе јасен став – нулта толеранција за навреди во спортот, особено кон жените, нагласи Милевски.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он