(ВИДЕО) Милевски: Талески под итно да си поднесе оставка од градоначалничкото место во Битола

Од:

„Што ли уште треба да се случи за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да си поднесе оставка од функцијата и да го ослободи градот од криминалот, корупцијата и скандалите со кои ја разнебити Битола.

Не е ли срамота, конзулска Битола, да има градоначалник кој помина 3 месеци во притвор поради сомнение за сторен криминал и на кого денес една од главните работни задачи му е пријавување во основниот судот во Битола секој петок во неделата.

Талески, за кого Специјалното јавно обвинителство најави и обвинителен акт за коруптивни тендери, со кој се проневериле 360 000 евра народни пари, и понатаму упорно да седи на градоначалничката фотеља.

Актерот, Владимир Талески, се покажа како раритет, посебен примерок од политичарите на ВМРО-ДПМНЕ, кој остана единствениот споменат во „бомбите“ на опозицијата кој не си поднесе оставка. Дури и неговите ментори Груевски, Јанкуловска, Јанакиевски си заминаа, но Талески сеуште се бори и не се дава.

Ова зборува за каква личност станува збор, за каков ментален склоп и психологија на владеење и делување.
И токму, истиот тој Талески, наместо да биде во затвор, без срам и совест деновиве се појавува на протестите во Битола за да ја „бранел“ унитарноста на државата!

Можно ли е политичарите кои ја искрадоја државата, сега да ја бранат?

Не е можно. Всушност тие се бранат самите себе, си ја бранат слободата, си ги бранат привилегиите и парите кои ги украдоја од граѓаните. Си ги бранат становите во касарната, становите во Скопје, викендиците, скапите автомобили, луксузниот живот, дебелите банкарски сметки…

Во јавниот живот во Република Македонија во иднина ќе нема место повеќе за политичарите криминалци, за корумпираните сејачи на магла.

Преку овој прес, уште еднаш бараме јасно и недвосмислено Талески, да си поднесе оставка, да ја ослободи општината, бидејќи овој град и овие граѓани заслужуваат идинина, економски напредок, почист воздух и домаќинско управување“, изјави Горан Милевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски