(ВИДЕО) Милевски: Претседателот на синдикатот на РЕК Битола, Менде Фидановски од РЕК земал еден милион евра тендери

Од:

„РЕК Битола тоне во хаварии, РЕК Битола тоне во скандали со Бате Вице, тоне во долгови, но се уште е златна кокошка за послушниците на режимот.

Веднаш по преземањето на власта, режимот удри по синдикалната организација во енергетскиот сектор. Во 2017 година, со упад во синдикалното организирање, режимот формира нов синдикатот во ЕЛЕМ, а за претседател беше назначен Менде Фидановски, вработен во РЕК Битола“, рече Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, освен во РЕК Битола, Менде Фидановски има и приватна семејна компанија, КОМПАКТ МСФ од Битола.

Семејната компанија на Менде Сидикалецот само оваа 2021 година има земено 9 тендери на РЕК Битола, каде што Менде работи, со над 378 илјади евра или над 23 милиони денари.

Лани, 2020 година, семејната фирма на Менде Синдикалецот има добиено 11 тендери, со над 616 илјади евра, или над 38 милиони денари.

Значи, само лани и оваа пола година, Менде Синдикалецот од РЕК Битола во својата компанија инкасирал без малку еден милион евра.

Или можеме да броиме во годините откако стана прв синдикалец, Менде синдикалецот, му процветува приватниот бизнис, а фирмата е редовен добитник на тендерите на РЕК Битола.

И тука доаѓаме до главниот проблем, дали нема судир на интереси?

За што Менде Фидановски е заинтересиран повеќе за тендерите или за синдикалното организирање во ЕЛЕМ вклучително и во РЕК Битола кое што тоне во долгови?

Дали Фидановски е продолжена рака на режимот во РЕК Битола, златната кокошка за членовите на режимот, дали затоа Менде Фидановски молчи по скандалот за 250.000 евра рекет поврзан со работата и раководењето во загубарот РЕК Битола?

Дали заради тендерите од еден милион евра за неполни две години Фидановски не реагира за уништувањето на РЕК Битола и најавите на нејзино затворање?

Почитувани, ова е уште еден од скандалите поврзани со урнисувањето на електроеергетскиот систем, ова е уште еден скандал со насилното режимско владеење, ова е уште еден скандал за злоупотребите на моќта. Синдикален лидер наплатил за една ипол година еден милион евра од загубарот РЕК Битола! Ова е незамисливо и затоа Македонија ќе продолжи да тоне на негативните светски листи“, изјави Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик