(ВИДЕО) Милевски: Отворените листи за општински советници ќе бидат стимул за отчетност

Од:

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, изјави дека во соработка со Министерството за правда се работи на отворените листи за советници на локалните избори.

„Отворени листи за избор на советници, со што ќе дадеме уште еден стимул за поголема отчетност и контрола на граѓаните. Избор на советници кои ќе бидат од граѓаните и ќе работат за граѓаните. Очекуваме сите овие процеси да се одвиваат во текот на следната година, и се надевам дека новиот мандат на советниците од 2021 година, со буџетот од 2022 година ќе почнат да го работат со новите ингеренции“, рече Милевски.

Тој најави дека општините Штип и Пласница ќе имаат вонредни локални избори поради испразнетите градоначалнички места.

Државната изборна комисија сметала дека тоа треба да биде редовен термин, што би значело дека изборите ќе се одржат во декември, но според Милевски подобро би било да се скратат роковите, за граѓаните да не мора да гласаат во зимскиот предновогодишен период.

„Мислам дека ДИК има расположение и спремност за пократки рокови, но прашање е дали Законот тоа и го дозволува, бидејќи во делот за локалната самоуправа не се предвидени вонредни локални избори“, рече Милевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска