(ВИДЕО) Мицкоски: Заев правеше лажна и морбидна политичка пропаганда со случајот Монструм

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото денешно видео-обраќање изјави дека Заев и СДСМ воделе кампања на ниски страсти, при што си играле со чувствата на родителите на убиените деца од Смилковско езеро.

„Во изминатиот период Премиерот Заев и СДСМ водеа приземна кампања на ниски страсти при што во таа црна кампања играа со чувствата на родителите на убиените деца од Смилковско езеро.

Вистината овие денови излегува на виделина. Ништо не може да биде сокриено, а со тек на време ниските удари и сопствената црна кампања на Заев стануваат неговиот најголем противник.

Таа кампања алудираше дека можеби друг е виновен за убиствата, и дека премиерот Заев ја знае вистината. Откако дојде на власт, единствено што се смени е што осомничените и веќе еднаш осудени, се вратија на одново судење. А вчера и самите родители потврдуваат дека осудените лица чии случаи се на повторно судење се оние кои се, според нив и вистинските виновници, но и слушнавме како истите тие комуницирале со луѓе кои се дел од структурите на власта.

Бидејќи велеше дека се знае сега испаѓа дека Премиерот Заев крие докази и попречува правда. Ова е гласно и јасно изживување со тажните судбини на родителите и со целата јавност правејќи лажна и морбидна политичка пропаганда.

Во суштина пред очи имаме спроведување на тиранската платформа која толку многу ја негираат, а толку ревносно ја исполнуваат луѓето од власта.

Поигрувањето со човечки судбини за политички цели не смее да се дозволи. Потребна е правда, а таа не смее да се попречува за било каква дадена концесија или некаков политички договор чија цел е опстојување на власт.

Кредибилитетот на Зоран Заев и Владата одамна го немаат, и затоа најчесното нешто што тие може да го направат е да си дадат неотповиклива оставка веднаш“ рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема криза, ликвидноста е обезбедена и ќе ги надминеме приходите

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Мицкоски: Враќањето на довербата во правосудството е приоритет број еден

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се „талог“ затоа што ја критикуваат власта?

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира