(ВИДЕО) Мицкоски: Заев е таткото на спорот со Бугарија, нашиот идентитет е нашата црвена линија

Од:

На вчерашната Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Македонија е се подалеку од Европската Унија, а тоа е така не само заради блокадата од страна на Бугарија, туку затоа што оваа криминална власт нема завршено ниту една домашна задача, која што требаше оваа корумпирана и криминална влада на Зоран Заев и СДСМ да ја завршат. Исто така истакна и дека Зоран Заев е таткото на спорот со Бугарија, а нашиот идентитет наша црвена линија.

„4 години украден живот. 4 години на силна политизираност на судството и недостижност на правдата. Македонија треба веднаш да почне преговори со Европската Унија. Овие луѓе овде, но и тие кои што денеска не се со нас, македонскиот народ, нација и држава заслужуваат веднаш без дополнителни условувања, без дополнителни анекси, стратешки документи или како сакате наречете ги, веднаш следниот понеделник или вторник да добие почеток на претпристапните преговори со ЕУ“, истакна Мицкоски

Тој додаде дека македонскиот народ тоа го заслужува и дека вредностите кои што овој народ ги споделува се истите како и вредностите на останатите граѓани од земјите членки на ЕУ.

Мицкоски упати порака и кон европските лидери каде што побара ЕУ повеќе да не одолговлекува и што поскоро Македонија да започне со преговори со ЕУ, не заради Зоран Заев и останатите криминалци, туку заради македонскиот народ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повторно испрати порака, искуството и делата говорат дека на Зоран Заев не може да му се верува околу тајните преговори со Бугарија, но и потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и идната недела ќе продолжи со протестите

„Искуството и делата велат дека на Заев не може да му се верува. За тоа сме на улица, за тоа сме на овие протести и за тоа ќе продолжиме и во понеделник, и во вторник следната недела. За тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот на улица. Едноставно кога нема како, во услови на медиумски мрак мора да излезе вистината на виделина. За тоа што на Зоран Заев едноставно не може да му се верува“, додаде Мицкоски.

На крај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека „нашите црвени линии се македонски, тоа е идентитетот, посебноста, историјата, јазикот, културата, обичаите и дека не смееме да дозволиме уште едно национално предавство“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик