(ВИДЕО) Мицкоски: За девет месеци владата нема преземено ниту еден чекор за сузбивање на корупцијата

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео-обраќање изјави дека владата ветуваше „општество во кое нема место за корупција“, но сега и официјално Македонија е означена како најкорумпирана држава во Европа.

– За 9 месеци оваа влада нема превземено ниту еден единствен чекор за сузбивање на корупцијата која го разјадува општественото ткиво. Неефикасното и зависно судството останува рак рана, неефикасни институции, отсуство на професионалност во раководниот кадар на полицијата, исклучително корумпиран менаџмент во здравство, како и широко распротранета корупција на институциите кои се во непосреден допир со граѓаните се само мал дел од големата слика за тоа каква држава сме денес, рече Мицкоски.

Тој додаде дека јавноста чека одговори од премиерот за тоа до каде е истрагата за корупција за двајца членови на владата, која беше најавена.

– Македонија не смее да се претвори во место каде граѓаните за да стигнат до една обична услуга која природно им припаѓа, мора да потплатат. Потребна е решителност, независност, и волја да се сузбие оваа појава. За ВМРО-ДПМНЕ, Македонија која има брз и ефикасен правосуден и полициски систем е цел која нема алтернатива. Граѓаните мора да се чувствуваат безбедно и правично, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст