(ВИДЕО) Мицкоски: Во Европа со амнестирани криминалци нема, во Европа нема со криминални иновации

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ги посети населените места Центар Жупа и Ростуше.

Мицкоски истакна дека најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните во овие население места е токму иселувањето на луѓето, кои си заминуваат поради бесперспективноста.

Тој посочи дека тука не минуваат приказните на Зоран Заев и Стево Пендаровски за некаква си розева слика и реалност и европската иднина која цело време ја ветуваат, но никако не може да ја донесат.

Во Европа со амнестирани криминалци нема, во Европа нема со криминални иновации, со евро за Вицето и евро за црквата, рече тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека овие луѓе живеат жално секојдневие, а уште пожална е нивната иднина со Заев и СДСМ на власт.

Мицкоски истакна дека државата пропаѓа и се уназадува на секое поле, младите масовно се иселуваат, а на овие црнила мора да им се стави крај.

Затоа мора да се даде надеж, да се донесе правда, да се победи стравот и да се верува дека Македонија ќе успее. А ние заедно ќе го оствариме тоа, потенцираше тој.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Христијан Мицкоски спие мирно?

Горан Наумовски