(ВИДЕО) Мицкоски во Брисел: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да се ангажира за побрза интеграција на Македонија во ЕУ

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот Извршниот комитет Владимир Ѓорчев, при посетата на Брисел, остварија средба со пратениците во Европскиот парламент Иво Вајгл и Едуард Кукан и пратениците, Маријана Петир и Алојз Петерле кои се дел од групата „Пријатели на Република Македонија во Европскиот парламент“.

– На средбата со Вајгл и Кукан, соговорниците се осврнаа на актуелните политички теми и стратешките приоритети на Република Македонија. Европратениците беа информирани за политичкиот прогон кој го спроведува власта во Македонија, при што беа образложени неоснованите обвиненија за тероризам против пратеници, уметници, актери, режисери, архитекти и луѓе од јавниот живот кои се лишени од слобода затоа што не се согласуваат со политиките на актуелната власт, известија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакната и загриженоста за актуелната економска ситуација во државата која по доаѓањето на новата власт се наоѓа во катастрофална ситуација и бележи негативни трендови кои доведоа до намалување на економскиот стандард на граѓаните. Посебен акцент беше ставен и за реформските процеси во правосудството чија реализација заостанува поради злоупотребите на моќта од страна на владата предводена од СДСМ.

На средбата со пратениците од групата „Пријатели на Република Македонија во Европскиот парламент“ претставниците од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека стратешки интерес на државата останува членството во Европската Унија и НАТО алијансата. Европратениците Петир и Петерле ја потврдија поддршката за Македонија и дека и понатаму ќе продолжат со нивните заложби да и се помогне на земјата конечно да ги почне пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ.

На средбите беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена целосно да се ангажира за да придонесе за побрза интеграција на Република Македонија во рамките на Европската Унија. Исто така беше нагласено дека за надминување на разликите во однос на клучните процеси во државата потребна е конструктивност од страна на власта и политички дијалог со сите политички чинители во земјата.

„Имавме многу корисни состаноци на кои што можевме да ги презентираме позициите на нашата партија, да ги презентираме политиките кои што ВМРО-ДПМНЕ сака и треба да ги води. Исто така го реафирмиравме нашиот став за ориентирање кон полноправно членство во Европската Унија и НАТО алијансата.

Ќе ја искористиме нашата целокупна инфраструктура во рамките на сестринската Народна Партија, за да можеме да добиеме позитивен извештај за напредокот на Република Македонија и нејзино понатамошно отпочнување на преговори со Европската Унија.

Така што генерално се обидовме позитивно да делуваме за она што се вели напредок на Република Македонија во рамките на ЕУ.

Исто така не можевме да ги одбегнеме и реалните теми кои што ја тангираат Република Македонија, кои што за жал имаат негативен предзнак. Тоа се тремите кои што моменталната владејачка СДСМ, а тоа се злоупотреба на државните институции, злоупотреба на моќта, потоа она што се вели политички терор, она што се вели злоупотреба на мерката притвор, негативните резултати на економски план, изгубеното чувство на доверба во демократијата, изгубеното чувство на доверба во институциите во системот. Она што се вели реформи исто така изостанува.

Суштински реформи, реформи кои што владата треба не само декларативно туку и применливо да ги имплементира во Република Македонија, реформи што ќе значат подобар живот за нашите граѓани, подобар живот во општеството во Република Македонија во целост.

Така што генерално, допревме многу теми. теми што значат и промоција. Теми што значат и поддршка за Република Македонија од страна на нашата сестринска Народна Партија , од страна на нејзините капацитети во рамките на Европската Комисија но секако и теми кои што потребно е да ги информираме европратениците за сето она што се случува во Македонија кој што за жал имаат пред себе негативен предзнак.

Така што на крај би сакал да оценам една успешна, многу корисна посета којашто делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја имаше овие два дена тука во Брисел. Многу интензивна од каде што извлековме големо знаење.

Во иднина можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжува да ги надградува своите позиции и односи со луѓето тука во Брисел на едно повисоко ниво. Така што можам да кажам дека заминувам од овде со задоволен позитивни импресии и впечатоци од сето она што се вели посета на раководството на ВМРО-ДПМНЕ во Брисел“ изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски од Тетово: Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија

Мицкоски од Гостивар: ДУИ ги злоупотребува Албанците, врз митот за права направија милиони, ќе одат во опозиција и ќе одговараат за криминалот