(ВИДЕО) Мицкоски: Власта е делигитимирана, граѓаните да излезат што е можно помасовно во вториот круг

Од:

„Денеска продолжувме овде во Ново Село, победничко Ново Село очекуваме на 5 мај победата којашто беше во првиот круг да биде уште поголема, ВМРО-ДПМНЕ да добие градоначалник, Гордана Силјановска Давкова идниот претседател практично да ја потврди победата којашто беше исто така во првиот круг изразена.

Власта предводена од Зоран Заев и СДСМ е делигитимирана. После поразот во првиот круг во 47 општини во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и идниот претседател Гордана Силјановска Давкова со освоени 42, 5 % од гласовите ја потврди доминацијата уште еднаш како најголема политичка партија, партија којашто обединува најголем број граѓани во Република Македонија“, рече Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Продолжуваме со несмален интензитет со нашите активности ширум Македонија. Денеска овде сме како што кажав цел ден во Ново Село, попладне продолжуваме во Гевгелија, а вечер се враќаме во Скопје и така се доконечен триумф на 5 мај.

Ги повикувам граѓаните на Република Македонија да излезат што е можно помасовно во вториот круг, да дадат поддршка за идниот претседател Гордана Силјановска Давкова. Жителите на Ново Село се обединиети околу името на Николчо.

Николчо е иден градоначалник во Ново Село, во тоа сме сите сигурни и убедени такашто очекуваме еден голем триум, двоен триумф овдека во Ново Село на 5 мај и Македонија да ја добие првата жена за претседател на републиката исто така на 5 мај“, изјави Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела