(ВИДЕО) Мицкоски: Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор

Од:

Помалку трошоци повеќе за тебе – е мерката која денес ја донесовме на Владата. Поточно Владата донесе одлука за помош на сите семејства што имаат ученици со цел да се намалат трошоците за набавка на училишен прибор. Оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

https://www.youtube.com/live/Iazzh-FuSVk

Притоа Мицкоски истакна:

„Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани.

На големо, маржата ќе биде ограничена на 5%, додека на мало до 10%.Ова е само уште еден пример на посветеноста на Владата за создавање подобри услови за сите наши граѓани. За разлика од минатите години кога се соочувавме со протести и кога учениците немаа учебници, оваа учебна година започна без проблеми, а Владата со решителни мерки го поддржува образовниот систем. Одлуките кои ги носиме се во директна спротивност со политиките на претходната влада која дозволи големи трошоци за семејствата и недостаток на потребните учебници и материјали.

Нашата цел е јасна: да создадеме стабилна и просперитетна иднина за сите граѓани. Владата ќе продолжи да работи посветено за подобрување на условите за живот, секојдневно демонстрирајќи дека сме различни и многу поодговорни од нашите претходници. Благодариме на досегашната поддршка и бидете уверени дека ќе продолжиме да работиме во интерес на апсолутно сите граѓани. Пред да се заблагодарам на вниманието, би сакал неколку симулации. Да речеме анализиравме увозни царински декларации на дел од производите и оние кои што се цени во малопродажбата и заклучивме дека многу производи денеска се предмет на монопол или дуопол. И монополот и дуополот си се договараат, ако се дуопол и монопол си прави што сака и практично цените некогаш се двојно поголеми од тие коишто се увозни.

Имаме да речеме увозна цена, пример еден, за маркери којашто е 60,1 денар, во малопродажба е 130 денари. Потоа, имаме цена, да речеме, јаглен за цртање од 300 пакувања, увозната цена е 68,6 денари, а во малопродажба е 200 денари. Боиците, ако увозната цена е 69,5 се продаваат од 120 до 150. Кај моливите имаме цена која што е увозна од 54,1 денар, се продаваат по 120 денари. Тетратки А4, увозна цена 40,1 денар, малопродажна цена 85 денари. Значи минимум два пати, а во некои моменти и повеќе од увозните декларации, така што цениме дека со ова драматично на пола, би рекле, би се намалил трошокот. Но тука нема да застанеме, продолжуваме и понатаму. И понатаму ќе има ваков тип на ограничувања на, би рекол, маржите и профитот на поединци коишто на ваков начин генерираат високи профити, а со тоа стимулираат инфлација и работат спротивно на интересите на граѓаните“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Кришто понудил помош по невремето што ја погоди Босна и Херцеговина

Во мај следната година ќе биде пуштена во употреба првата половина од автопатот Кичево-Охрид, најави Мицкоски

Не добивме ниту еден предлог за правосудните реформи, почнуваме да го развиваме нашиот систем на реформи, најави Мицкоски

Предраг Петровиќ

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата