(ВИДЕО) Мицкоски: Вие господа од врхушката на СДСМ се срамите од нашето вековно минато

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните во општина Босилово.

При обраќање пред граѓаните претседателот Мицкоски рече дека тој и ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат Македонија како држава на богати и задоволни граѓаните, додека СДСМ и Заев од Македонија гледаат само земја на бизнис интереси.

– Затоа што вие со полни вреќи пари сакате да одите во иднината, а ние сакаме Македонија да ја видиме иднината достоинствена, честита и земја во која што секој ќе се гордее со сопствената држава. Вие иднината ја гледате за да пљачкате и богатите, а ние иднината ја гледаме Македонија богата земја и земја на богати граѓани, вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека СДСМ и Заев се срамат да ја пеат македонската химна и се срамам од вековната историја на државата, додавајќи дека граѓаните ги препознале нивните лоши политики и поради тоа ќе ги казнат на претстојните претседателските избори на 21 април, а тоа ќе го потврдат и во вториот круг на 5 мај.

– Вие, вие господа од врхушката на СДСМ се срамите од нашето вековно минато. Господа од врхушката на СДСМ имате проблем со себе, а ние и народот во Македонија имаме со вас но тој проблем ќе го решиме на 21 април а потоа ќе го потврдиме на 5 мај. Ние господа од СДСМ не се срамиме и не се плашиме да запееме дека „Денес над Македонија се раѓа„ и дека „Македонците се борат за своите правдини“, кажа Мицкоски.

Мицкоски побара масовно излегување на претседателските избори и давање поддршка на кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, се со цел конечно да се врати правото и правдата во државата.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада