(ВИДЕО) Мицкоски: Ветувањето за поевтинување на сметките за парното се покажа како уште лага на власта

Од:

Анкетите по изборите покажуваат дека огромното мнозинство се незадоволни поради слабиот животен стандард, недостигот на нови вработувања, слабата економија. Незадоволни се и поради слабата заштита на животната средина, уништеното Водно, гасификацијата која е заглавена од власта, која тапка во место цели 2 години, рече Мицкоски при посетата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Нездоволство посочи Мицкоски има и поради порастот на корупцијата, непотизмот и корумпираното судство.

Најнезадоволни се центарци поради тоа што оваа општина е со најзагаден воздух во државата, а пред изборите власта ветуваше алпски чист воздух, наместо тоа добија општина која руши неславни рекорди на скалите за места кои се најзагадени во Светот, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна власта води политика на кратко памтење, а центарци како и сите граѓани на Република Македонија се излажани од страна на власта, посочувајќи го ветувањето за поевтинување на сметките за парното, ветување кое се покажа како уште лага на власта. За крај Мицкоски вели дека власта е прочитана, а народот е свесен со какви измамници си има работа. Ние ќе предложиме намалување на ддв-то од 18 на 5 проценти, но и во периодот што следува ќе предложиме нови проекти и решенија за многу области кои ќе бидат одговор на ова уништување кое го прави оваа власт, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Мицкоски: Трендафилов е прокси на опозицијата, протестите на ССМ имаат политичка заднина

Горан Наумовски