(ВИДЕО) Мицкоски: Уставните измени не се обединување туку предавство, огромно мнозинство од граѓаните се против тој чин

Од:

„Тоа не е обединување, тоа е предавство и тоа требаше некој да го мисли пред да го договора. Затоа што ние не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните промена на Устав, не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните потпишување на капитулација и предавство. Тој што тоа го потпишуваше треба да знае дека нема услови тоа да го испорача, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени, после свечената божествена литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје.

Мицкоски истакна дека уставните измени се еден од тие моменти кои внесуваат раздор помеѓу македонскиот народ кој е мудар и ако се погледнат сите мерења на јавното мислење се гледа дека огромно мнозинство, повеќе од три четвртини се противат на таквиот чин.

– Тоа што јас како човек можам да кажам е да бидеме чесни и да се обединиме околу чесноста кон граѓаните која ќе ја рефлектираме, а за тоа ни се потребни брзи предвремени парламентарни избори на кои секој од нас ќе излезе со своја програма, со свој начин на решавање на овој проблем, па граѓаните се тие кои се суверен и тие нека одлучат како ќе го решат. Проблемот го имаме, ни го донесе оваа влада на ДУИ и СДС и ние треба да го решаваме тој проблем ако сакаме да одиме напред и да обезбедиме онаква држава каква што заслужуваат нашите граѓани, потенцираше Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, апсолутно и во новата година останува на барањето за предвремени парламентарни избори затоа што потребно е оваа влада на ДУИ и СДСМ да си оди за Македонија да може да тргне напред, вели претседателот на партијата, одговарајќи на новинарски прашања.

„Апсолутно, не се менува тоа барање. Апсолутно, предвремени парламентарни избори се потребни за да може да тргне Македонија напред. Затоа сакам да се обединиме околу тоа и да излеземе сите заедно да поддржиме предвремени парламентарни избори кој што ќе се случат најдоцна на средината или втората половина на мај месец оваа година“, рече Мицкоски.

Посочи дека огромно мнозинство од пратениците на владејачките партии СДСМ и ДУИ, јавно рефлектираат позиција дека се за предвремени парламентарни избори.

Мицкоски не сака да ги посочи пратениците со имиња, пред се поради октроираното судство и обвинителство и подготвеноста на власта да користи разни методи за да ги зачува фотелјите, но, додаде, очекува да додржат до зборот и на крај на јануари или почеток на февруари ќе гласаат за распуштање на Парламентот и формирање на техничка Влада, по што втората половина на мај би се одржале предвремените парламентарни избори.

„Огромно мнозинство од пратениците на СДСМ и ДУИ рефлектираат позиција дека сакаат да има предвремени парламентарни избори, да дојде крајот на оваа влада. Имајќи го предвид карактерот на ДУИ и на СДСМ, имајќи предвид токму она што сега го зборував, октроираното обвинителство и судство и методите на кои што се спремни за да ги задржат фотелјите, јас не би одел понатаму со имиња. Затоа што ценам дека ова што нас не охрабрува, на нивните позиции за предвремени парламентарни избори ќе додржат до крај и кон крајот на јануари месец, најдоцна почеток на февруари ќе изгласаме распуштање на Парламентот, средината на февруари формирање на техничка Влада и избори, таму некаде, втората половина на мај месец“, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски