(ВИДЕО) Мицкоски: Состојбата со короната е драматична, но исто толку е лоша и економијата

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека состојбата со заразата со Ковид во земјата е драматична и дека за тоа Владата нема план.

„Огромниот број на заразени потврдува дека работите излегуваат од контрола и секој обид за релативизирање на работите е штетен и претставува потценување на заразата. Опасни се тезите дека вирусот слабее во своето дејство, таква научна теза се уште не е докажана. А, уште поопасно е тврдењето дека владата има контрола и ги знае кластерите. Бројката на новозаразени не го потврдува тоа. Ова не е политички инает, туку сурова реалност која се плаќа со животи на луѓето“, вели претседателот на партијата.

Мицкоски истакна дека лошата состојба во здравството, ќе се преслика и во економијата, како пример тој го наведе начинот на кој што УЈП ги наплаќа даноците.

„Управата за јавни приходи во првите 5 месеци почнувајќи од 1 јануари, а завршувајќи со 31 мај испланирала дека ќе наплати речиси 38,5 милијарди денари, а каква е реализацијата. Реализацијата за истиот период од 1 јануари до 31 мај или во првите 5 месеци од годината УЈП успеало да наплати нешто повеќе од 29 милијарди денари или реализацијата од планот е некаде околу 75 проценти. Што значи дека потфрлањето од почетниот план кој што го планирала УЈП на почетокот на годината е цели 25 проценти, а не како што тоа го кажуваше ресорниот министер. Бидејќи ресорниот министер споредуваше со предвидувањето кое што е направено со ребалансот на буџетот“, рече Мицкоски.

„Само во месец мај долгот е зголемен за цели 110 милиони евра или пак секое семејство само во месец мај е задолжено за цели 220 евра. Доколку се продолжи со планираната динамика во што се сомневам, бидејќи ценам дека и таа ќе биде
промашена, долгот ќе биде за некој процент поголем. До крајот на годината секое македонско семејство ќе биде задолжено за дополнителни 1.500 евра. Повторувам секое македонско семејство ќе биде задолжено на крајот од годината за цели 1.500 евра“, додаде претседaтелот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ССМ одби колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за околу 40 проценти

Горан Наумовски

150 електрични автобуси ќе се набават за Скопје и општините

Мицкоски: Затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа е историски момент

Горан Наумовски

Мицкоски: Ќе има зголемување на минималната плата, но по законска постапка