(ВИДЕО) Мицкоски за референдумот: Секој сам да одлучи, вие знаете што треба да направите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Секоја индивидуа со сопствениот морал и совест ќе донесе одлука која смета дека е најдобра. Македонија ни е се, нема партиите да одлучуваат. За национално прашање ќе одлучи нацијата, а сите ние ќе се поклониме пред одлуката, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција.

Тој рече дека народот знае што е најдобро за Македонија.

– Прашањето за името е едно од најзначајните, не само прашање на Заев и Мицкоски, ова е прашање за Македонија. Тоа задира во историјата, но се однесува и на иднината. Ова се историски мигови, судбоносни за Македонија. Пред нас е огромна бездна – Договорот со Грција, тоа е бришење на идентитетот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и додава оти Македонија е во тешка ситуација благодарение на неодговрни лидери.

Договорот со Грција е документ кој јас и ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќаме. Тој е надвор од нашите принципи и начела. Ние сме против овој Договор, бидејќи со него се менува Уставот на Република Македонија и институционалниот идентитет. Се прифаќа комисија за разгледување и ревидирање на култрата и традицијата, што ќе отвори пат, кога ќе посака Грција да ја блокира државата, да може да го стори тоа кога што сака и како што сака, рече Мицкоски.

Тој истакна дека со овој Договор, Македонија ги губи сите позициите, целата предност, сите аргументи, стеканти низ годините наназад.

– Рефереднумското прашање не се однесува за она што имаме на маса, односно промена на уставното име. ВМРО-ДПМНЕ е за членство во НАТО и во ЕУ. Тоа се наши пријатели и партнери. ВМРО-ДПМНЕ е формирана како одговор на партијата СДСМ, која што е продолжение на минатиот комунистички систем. Македонија не смее да има поинаква иднина, освен онаа трасираната кон овие организации, рече Мицкоски.

Според него, кампањата на владата е адресирана исклучиво кон члнество во ЕУ и НАТО, а не се споменува ништо за промената на името и со тоа се игра со емоциите на луѓето, и како што кажа, се создаваат лажни надежи.

– Мислат дека така ќе избегнат од одговорноста зошто прифатија промена на Уставот, идентитетот, историјата…., рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ беа исклучени од преговорите за името, посочи лидерот на опозицијата и додаде дека Заев ветува нешта што не може да ги исполни.

„За мене не е секојдневие менување на ставот за смена на името. Договорот не го прифаќаме, јасно е дека се менува Уставот, идентитетот, пасошите, личните документи, ќе има ревидирање на култура и традиција, сето ова е спротивно на нашите ставови“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Не сум веќе сопственик, го отуѓив мојот дел во хидроцентралите

Татјана Ташкова

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на власта е да се намали масовноста на протестите на културните работници

А1он

(Видео) Андоновски: Дали судијата Нанев добил награда за прогонот на членови на ВМРО-ДПМНЕ?

А1он

(Видео) Николовски: Tри години на уништување и уназадување, економијата тоне

А1он

Мицкоски: Ќе зборуваме за концептот како Македонија да биде тигар на Балканот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пратениците со државни пари плаќаат кирии на роднини, кои наместо нив пречекуваат „гости“ во становите