ВИДЕО: Мицкоски пристигна во Владата на средба со Зоран Заев

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пристигна во Владата каде што ќе одржи средба со премиерот Зоран Заев.

Средбата следува два дена по изборот на Мицкоски за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот на партијата во Валандово.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, вчера му посака среќа на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека нема предрасуди да се сретне со него.

„Драго ми е што заврши конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам конструктивен процес и критички осврт на опозицијата. Немам предрасуди да се сретнам со Мицкоски. Засега немаме договорено средба, но би го поканил да се сретнеме во првата можна пригода“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски