(ВИДЕО) Мицкоски: Предложив да си одам, но Централниот комитет не ме пушта

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер каде тој нема да се кандидира, но предлогот му бил одбиен.

Изјава по состанок со Централниот Одбор, 21.09.2020

Изјава по состанок со Централниот Комитет, 21.09.2020

Posted by Hristijan Mickoski on Понеделник, 21 септември 2020

„Јас не бегам од моите принципи и затоа иако до денешен ден не беше поднесена никаква иницијатива за вонреден конгрес, од страна на оние кои водат хајка врз мене, а целта е ВМРО-ДПМНЕ, само така служејќи му на Заев. Јас на сопствено залагање поднесов предлог за свикување на вонреден конгрес на кој јас нема да се кандидирам. Централниот комитет надвор од моето присуство, откако ја напуштив салата во која се одржуваше седницата, едногласно го одби моето барање и не се согласи со ваквиот предлог, а со тоа ми даде полн легитимитет да продолжам со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Тој изјави дека отворено дискутирал за неговото речиси тригодишно управување со партијата.

„ВМРО ДПМНЕ е кичмата на македонизмот. Наша цел е победа против мафијата“, рече Мицкоски.

Мицкоски ја информираше јавноста дека Игор Јанушев се повлекол од партиската функција поради приватни причини и му се заблагодари за неговиот ангажман.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар