(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е моментот ЕУ да ја исправи грешката во која ја втурна Македонија

Од:

Претставниците на Европската Унија преговараа со група политичари меѓу кои инсталираниот премиер и Бујар Османи чија цел беше да и обезбеди пол позиција на Албанија, а не видоа потреба да го консултираат ВМРО-ДПМНЕ, ниту мнозинскиот макеоднски народ за преговарачката рамка рече на прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоски ден по собраниската седница за потребата од уставн иизмени на која немаше гласање поради извесноста дека нема двотретинско мнозинство.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ не можат да останат отсутни од реалноста и оти јасно го гледаат проблемот.

-Ние не можеме како ВМРО-ДПМНЕ да се правиме отсутни од реалноста. Ние не сме опозиција во опозицијата. Ние сме опозиција во Македонија која што е македонски проект, проект којшто има за цел да ги штити интересите на македонските граѓани и така и се однесуваме. И ние јасно го гледаме проблемот во којшто македонскиот народ, граѓаните на Македонија, но и самата Македонија овие политичари како Ковачевски и Пендаровски ја втурнаа и тој проблем е на маса. Апсолутно ги слушаме пораките од нашите партнери од меѓународната заедница, апсолутно ги слушаме пораките од нашите партнери од ЕУ, но исто така зашто ние се најдовме во оваа ситуација имаат и тие вина. Зошто имаат вина? Затоа што кога го договараа ова со оваа Влада на СДСМ и ДУИ или на ДУИ и СДСМ како сакате, тие не најдоа за сходно да се обратат до ВМРО-ДПМНЕ и да го консултираат ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ како мнозинска убедливо најголема етничка заедница во оваа своја единствена држава, посочи Мицкоски.

За Мицкоски, Бугарија најмалку што може да направи е да ги имплементира пресудите од Стразбур.

-Ако вие навистина сакате Бугарите да ги видите во Преамбулата, внимавам што зборувам – во Преамбулата дел од бугарскиот народ којшто живее во Македонија – дел од македонската нација во Преамбулата оние 762 коишто рекле дека бугарскиот им е мајчин јазик, тогаш најмалку што можете е барем три од оние 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права да побарате од Бугарија да ги имплементира коишто се задолжителни и имаат краен рок оваа есен да бидат имплементирани. Дали бараме многу? Не бараме. Ова е моментот и самата ЕУ да ја исправи грешката во којашто ја втурна Македонија, оцени Мицкоски на прес-конференција.

Коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека уставните измени не се под бугарски диктат, туку по македонски предлог, рече дека таа изјава е губитничка и оти не е политичка теза.

-Предавничка и губитничка е таа изјава. Тоа не е политичка теза. Тоа е теза на поразен политичар којшто го гледа крајот на својата политичка кариера. Ако беше македонски предлог тогаш ќе излезеше пред граѓаните на избори со тој предлог или ќе излезеше на референдум и македонските граѓани ќе го дадеа легитимитетот за тој предлог. А тој што направи? Криејќи го предлогот од опозицијата шверцерски, тајно, бидејќи така и беше поставен, имплантиран беше таму, вештачки поставен, договори и стави потпис за нешто што од самиот почеток беше јасно дека македонските граѓани не го поддржуваат. Така што, нема право тој човек да зборува за македонски предлог. Македонски предлог давате вие граѓаните. Вие сте суверен на тој предлог, а не Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски. Тоа е губитнички и тоа е предавнички предлог којшто ќе ги следи целиот нивен живот, рече Мицкоски.

Рече дека изборите се единствено решение и оти нивните црвени линии во однос на Бугарија се јасни.

– Многу пати сме зборувале, многу пати сме го кажале нашиот предлог, многу пати сме зборувале за нашите црвени линии. Во овој момент зборуваме за час поскоро одржување на предвремени парламентарни избори. Веќе нема ништо на маса, одговори Мицкоски на новинарско прашање – што доколку ВМРО-ДПМНЕ хипотетички победи на изборите и кој би бил излезот од оваа ситуација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ваучерите се мал дел, по изборите ќе се шокирате од тоа што се правело

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Орце Костов