(ВИДЕО) Мицкоски: Отворени се сите опции за пред и постизборно коалицирање со албанскиот блок

Од:

Не гледам пречка за потпишување на договор за предизборна коалиција со некоја од партиите од албанскиот блок доколку најдеме заедничко разбирање, за заеднички настап на изборите, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција, како одговор дали би влегол во коалиција со опозициските албански партии.

„Сите опции се отворени, постојано сме во контакт и разговори со партиите од опозициониот албански блок и не гледам пречка за предизборно коалицирање, но и за можност самостојно на изборите, па потоа да се прават преговори за коалицирање. Ние сме отворени за соработка со сите партии“, рече Мицкоски.

Во однос на прашањето дали би коалицирале со ДУИ доколку ја добијат власта на изборите со оглед на фактот што од таму имаат одредени предуслови кои треба да ги исполни неговата партија, Мицкоски рече:

„Комуникацијата со ДУИ не се одвива на тој начин, нема поставено никакви услови и предуслови и не треба да се гледа парцијално на изјавата на министерот за економија Бектеши, засега такви условувања во разговорите нема“.

Мицкоски не беше дециден дали би коалицирал со ДУИ но потврди дека има комуникација со оваа партија која во моментов е дел од владината коалиција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече и дека има индиции дека заводот за статистика фабрикува, пушта во јавност нерелевантни податоци и најави дека овој случај кога ќе дојдат на власт ќе го истражат до крај.

„Имаме дојави од поранешни вработени во Заводот дека оваа институција дава неточни информации и ова е сериозен срам за државата. Се работи за класична измама која детално ќе ја истражиме. Ги предупредуваме и вработените во заводот да не наседнуваат на притисоците што им се вршат за да не бидат учесници во кривично дело“, кажа Мицкоски.

За него не е спорно до одржувањето на изборите да се донесат измените на законот за Јавно обвинителство, да се избере нов државен ревизор како и измените на изборниот законик за финансирање на партиите доколку се најде прифатливо решение за сите партии.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски