(ВИДЕО) Мицкоски: Отвораме уште еден штаб на идниот претседател Гордана Силјановска Давкова

Од:

„Денеска сме овде повторно заедно со граѓаните на Република Македонија, на Скопје отвораме уште еден штаб за идниот претседател на Република Македонија професорката Гордана Силјановска Давкова.

Премногу сме задоволни од досегашниот тек на кампањата, од она што граѓаните практично го реагираат на сите оние политики кои што ние ги нудиме, сите оние концепти кои што ги презентираме пред граѓаните, сето она кое што професорката Силјановска го презентира пред граѓаните на граѓанските собири, на оние митинзи кои што ги имаме ширум Македонија.

Енергијата е огромна, победата е извесна на 21-ви април а потоа потврда на истата на 5-ти мај. Ќе биде една огромна победа за Македонија и прв чекор кон практично демонтирање на целокупниот оној Заевизам кој што изминатиот период се инсталираше и се монтираше во Република Македонија.

Гледаме сосема поинаква реалност во Република Македонија, од она блескаме во светот на господинот Заев. Вчера стигна и една потврда од страна на Светската Банка, гледаме дека се наоѓаме убедливо на дното во регионот и во Европа, на 88-то место 21 место пад од рангирањето во 2017 година.

Катастрофални се резултатите, одиме назад наместо да одиме напред. Сите оние розови политики и розови очила кои што ги има Зоран Заев многу скоро ќе бидат демонтирани и конечно Република Македонија ќе добие претседател најпрвин, а потоа и влада која што ќе ја води Република Македонија и граѓаните во Република Македонија кон една вистинска европска иднина, кон една просперитетна иднина, онаква каква што тие заслужуваат, а не ваква лажна, криминална која што денеска СДСМ и Зоран Заев ја нудат“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање