ВИДЕО: Мицкоски, откако се поздрави со сите, со ракавиците јадеше леб среде собир

Од:

По десетината изјави дека не сака да оди на избори бидејќи е загрижен за здравјето на граѓаните, Христијан Мицкоски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ не дава добар пример за однесување во услови на пандемија. Тој оди на собири со ракавици и маска, но не одржува дистанца и се поздравува со присутните, за потоа без да се дезинфицира, со ракавиците да крши и јаде леб што му го нудат. Снимката од митингот во Јегуновце предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. На неа се гледа како Мицкоски се прекрстува па потоа јаде од лебот, без да ги почитува мерките за заштита од коронавирусот.

Медицинскиот персонал кој секојдневно се бори да спаси животи на луѓе кои се заразени со коронавирус постојано кажува дека не е доволно само да се носи заштитната опрема, туку и правилно да се употребува. Но, Мицкоски без се придржува до инструкциите, без да ги извади ракавиците и без да ги измие рацете и да се дезинфицира, јадеше леб сред Јегуновце.

Според мерките што ги донесе Комисијата за заразни болести, на сите собири треба да се одржува дистанца од 1,5 до 2 метра, а забележително е дека и овој случај, како и на многу претходни митинзи, се случува спротивното. Мицкоски се поздравува со сите одблиску, без да внимава на растојанието. Растојание не држат ниту самите присутни, за време на говорите.

ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да излезе на избори сè додека не заврши пандемијата, за сега да не ги почитува мерките за заштита од вирусот. Досега, нема информација дека имало казнети присутни на митинг поради непочитување на мерките за заштита од вирусот, иако во јавноста примерите за вакво однесување се бројни.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски