(ВИДЕО) Мицкоски: Опозицијата не знае каков договор преговара оваа влада со Бугарија

Од:

„Опозицијата не знае каков договор преговара оваа влада, инаку од тоа што го слушнавме и порано од Брисел е дека билатералните преговори не можат да бидат дел од преговарачка рамка. Така што, секоја авантура на оваа влада и она кое што планира да го потпише, треба да е свесна дека набргу ќе има промена во владата и тоа што таа ќе го стави хартија, доколку предизвика да бидат повредени чувствата на мнозинската заедница во Македонија, на македонскиот народ, на македонските граѓани, доколку го негира постоењето на посебната македонска историја, традиција, обичаи споредено со традицијата и обичаите кај нашиот источен сосед, доколку не ја одразува различноста на македонскиот народ од бугарскиот народ, автентичната борба на македонскиот народ за своја сопствена држава, идната влада нити има намера да го почитува, нити има намера да биде дел од учебниците со кои што децата ќе учат искривена историја, историја со која што оваа влада, по принципот на талибанците, има намера да ја тушира“, одговори на новинарско прашање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Се останато, е само авантура и тоа треба да го знаат и Петков и Радев и политичарите во Бугарија, дека наскоро од сега оваа влада ќе биде минато, новата влада која што ја има мнозинската поддршка од народот во Македонија, договорот кој што ќе задира во овие столбови кои што јас сега ги кажувам, нема да биде почитуван и нема да биде дел од учебниците со кои што овие деца овдека ќе се образуваат, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ