(ВИДЕО) Мицкоски од Париз: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача реформи и бескомпромисна борба против криминалот

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК д-р Игор Николов во Париз остварија средба со пратеникот во Францускиот Парламент и потпретседател на комитетот за надворешни работи Жак Мари и Францускиот Сенатор и поранешен француски министер за одбрана Алан Ричард.

По завршувањето на средбата Мицкоски даде изјава во која го посочи следново:

Втор ден сме овде во Париз, разговараме со претставници на францускиот Сенат и Парламентот. Разговараме за актуелната политичка и економска состојба во Македонија, но истовремено разговараме и за новата методологија која беше содржана во таканаречениот документ „Нон пејпер“, кој што беше претставен на европската, но и на македонската јавност.

„Ја пренесовме нашата порака дека после следните предвремени парламентарни избори кои што ќе се случат во април месец следната година,
владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусира на исклучително квалитетни реформи од областа на владеењето на правото, обезбедување независно обвинителство, независно судство, нешто што недостасува во овој период. Односно сето она кое што денеска добро изгледа на хартија ќе биде можеби подобрено, но сето она кое што денеска во пракса практично не е применливо ќе биде испорачано во реформите кои што следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесе во Македонија, веднаш после предвремените парламентарни избори.

Понатаму зборувавме за можната економска соработка, зголемување и продлабочување на дипломатските односи помеѓу двете земји, бидејќи Франција била и останува стратегиски партнер на нашата држава и главен промотор во рамките на НАТО Алијансата и во рамките на Европската Унија.

Практично ја пренесовме пораката дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема само да ветува, туку тоа што ќе го вети практично и ќе го испорача. Во рамките на владеењето на правото, бескомпромисна борба со криминалот, бескомпромисна борба со корупцијата и сто она кое што денеска, повторно ќе кажам изгледа добро на хартија, но за жал имплементацијата недостасува следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го имплементира и ќе биде дел од политиките на идната влада.“, наведе Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му