(ВИДЕО) Мицкоски од Кочани: Државата не треба да биде пречка за бизнисот, државата треба да го стимулира бизнисот

Од:

По посетата на градовите Прилеп, Радовиш, Гевгелија и Велес, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во посета на Кочани разговарал со бизнис секторот каде ја посетил конфекцијата „Алекс“.

„Државата не треба да биде пречка за бизнисот, државата треба да го
стимулира бизнисот. Затоа што без реален и функционален сектор ние ќе ја немаме ниту пак реално функционално државата на располагање, и услугите кои што ги нуди државата се разбира“, кажа Мицкоски.

Тој на средбата нагласи дека државата не треба да биде пречка за бизнисот, туку таа треба да го стимулира истиот.

„Истовремено ќе се обврземе пред бизнис секторот сите оние законски решенија кои што ќе се носат, да се носат после исцрпна дебата со реалниот сектор но и со други целни групи кои што ќе бидат тие закони наменети. Нема да бидат ад хок решенија и нема да бидат решенија кои што практично ќе се носат во една избрзана и еднострана процедура во рамките на Парламентот“, додаде Мицкоски.

 

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар