(ВИДЕО) Мицкоски: Од Дескоска не очекувам ништо освен освета и омраза кон ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Јас сум го кажал тоа во минатото, ќе го повторам дека не очекувам од Рената Дескоска ништо ново, освен она што е дел од нејзините прес конференции и интервјуа кои што ги дава по медиумите, а тоа изразената желба за освета и омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Иако навистина не знам и се чудам на што се должи сето тоа, бидејќи како што знам нејзиното семејство долго време соработуваше со политичките елити од минатото кои што функционираа од владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ“, одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарското прашање за прес-конференцијата на министерката за правда, Дескоска, која кажа дека доколку нема двотретинско мнозинство ќе се прави промена на Законот за јавни обвинители.

„Она со таа нејзина прес конференција наместо да искористи прилика да се извини на граѓаните на Република Македонија поради оние непримерни моменти прегрнувања и непосредности со познатото лице Боки тредичи да даде неотпвиклива оставка. Гледаме дека она не само што тоа не го направи туку напротив повикува и на омраза и освета кон опозицијата не водејќи сметка да направи реформи во правосудството не водејќи сметка да направи реформи во обвинителството нејзина единствена цел е како да се најде начин да се пресмета со политичките не истомисленици. За жал како универзитетски професор и како педагог вчера испушти уште една таква можност да се претстави во вистинско светло пред граѓаните на Република Македонија односно да го стави приоритетот на реформите наместо личната омраза и освета“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ