(ВИДЕО) Мицкоски: Македонија со соочува со уште еден пораз, ниту еден универзитет во првите 1000 на Шангајската листа

Од:

Додека во јавноста се актуелни договорот со Грција и сите штетни последици кој тој ги носи, криминалните тендери, афери и злоупотреби, додека земјоделците се соочуваат со нова криза, а во здравството се бројат случаите со смртен исход, Македонија се соочува со уште еден голем пораз, ниту еден од универзитетите во државата не е во првите илјада на Шангајската листа за успешност во високото образование, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео обраќање.

– Ветува иднина, а образованието, образованието ни е руинирано. Каква е таа иднина кога имаме и официјална потврда дека ниту еден од универзитетите во државата не е според својот квалитет во првите илјада во светот. Ќе потсетам дека ветуваа живот, но добиваме порази. Нема градење на иднина без пристојно и квалитетно образование. Македонија е исклучена од оваа листа. И додека образованието во Македонија стагнира, во првите 500 се универзитетите од соседството Белград, Атина, Љубљана, Софија, Солун и итн. Како универзитетски професор, но пред се родител и граѓанин на оваа земја, можам да кажам дека ова е резултат на негрижата и немањето на стратегија во високото образование, немотивираноста на наставниот кадар, експериментирањето и политизацијата на образованието. За ова нема изговори, неуспехот на владата го плаќаат младите, рече Мицкоски.

Тој додаде дека нема влез во ЕУ со неквалитетно образование кое не е рангирани во првите 1000 универзитетите.

– Нема иднина доколку главен приоритет за власта се криминални иновации наместо реформи во образованието. Не може да се тврди дека сте за младите, а нив трајно да ги деградирате со неквалитетно образование. Образованието е поврзано со економијата. Не можете вие да се залагате за развој во економијата и да понудите инвестиции со висока технологија, а при тоа да не можете да понудите кадар кој што е едуциран и може да ги опслужува овие инвестиции. Изминатиот период имав можност да другарувам и да се информирам со голем број млади луѓе во Република Македонија. Точно знаеме што им недостасува и тоа ќе биде дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ која што ќе биде презентирана во период кој што следи. Нудиме голема авангардна понуда за сите млади во Република Македонија. Со оваа влада Република Македонија нема иднина, ниту ќе дојде Европската Унија. Затоа Македонија заслужува повеќе, заслужува образование со универзитети кои ќе бидат во првите 500 во Светот, Македонија е извор на знаење и компетенции. За да тоа се случи оваа власт мора да падне, и само така Македонија ќе победи, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски