(ВИДЕО) Мицкоски: Изнасилена нормалност кој ја нарача Заев завршува со капитулација

Од:

„Да кажам дека очекувам одлука која што денеска веќе откако ќе се донесе вонредната состојба ќе имате брифинзи каде што ќе викаат дека изборите сега ќе бидат на 5 јули. Тоа значи дека таман се направени овие 14 дена за да тие се повикаат на тие 22 дена кои што викаат дека се доволни според ДИК и да речат еве на 5 јули ќе имаме избори.

Така што не очекувам дека претседателот Стево Пендаровски нема да рече ќе рече нема да ви дадам 14 дена туку ќе бидат 30 дена да има, па ќе ја продолжиме вонредната состојба, иако вчера имавме 52 новозаболени со 4, а потоа коригирано 5 кои што го загубија животот, завчера имавме 38 со тројца, претходно исто така над 20 со тројца. За многу помалку вонредната состојба беше продолжена за 30 дена, сега очекувам дека оваа математика која што ја склопиле и ја составиле и од денеска нова реторика, прво беше 14 јуни, па 21 па 28, сега ќе биде 5 јули“, одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање.

„Тоа ќе биде, наместо да зборуваме за мерките како да не ни се случува да не умираат по неколкумина и неколку десетици да се заразуваат, сега ќе се занимаваме со тоа ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори, а СДСМ бил тој кој ќе оди на 5 јули на избори. Тоа не очекува деновиве и не очекувам дека ќе бидат прифатени 14 дена. Јас кажав и во текот на вчерашниот ден и денес дека после ова што ни се случи со овие 52 и со четворицата кои ги загубија животите и тие кои ги загубија пред нив, ние сме држава во регионот со најголем број на починати луѓе, најголем број заразени, први сме на оние непопуларни ранг листи и сега си го поставувам како човек и граѓанин во оваа држава прашањето, кога седат тие луѓе во комисијата за заразни болести и кога неколкумина заразени и нула починати предлагаа рестриктивни мерки и практично ги држеа луѓето во сериозен карантин, прогласуваа вонредна состојба од 30 дена и истите тие луѓе кои што вчера при 52 заразни и 4 кои починале дека размислуваат за повторно воведување мерки. Кога се повикуваа на Хипократ кога ја носеа првата одлука или сега вториот пат кога размислуваат?

Апелирам до нив сепак на крајот од денот се доктори, овие луѓе ве школувале ви овозможиле бесплатно да се школувате и да завршите медицински факултет и да се грижите за здравјето на граѓаните. Не да се грижите да ги исполните желбите на диктатот на Зоран Заев. Постапувајте според заклетвата која што сте ја положиле, апел до нив кога ќе се погледаат во огледало и да носат одлуки, да носат ваква одлука. Нека го заборават диктатот на Зоран Заев, затоа што животот ќе продолжи и после оваа влада на Зоран Заев. Ќе треба да се сретнеме по улица и ќе треба да се погледнеме во очи, некој ќе ведне глава и ќе тргна поглед. Тие се доктори и треба докторски да се однесуваат. Не може еднаш вака, втор пат по потребите на СДСМ поинаку. Треба да разберат дека ова не е игра. Ова се сериозни работи, луѓе животи губат, други се збогуваат со најмилите, фамилии во црно се завиткани. И ова не е желбата на Зоран Заев. Јас одбивам вака да живеам во животот со коронавирусот и ќе се борам се додека можам да се спротивставам на овој начин на навикнување на живеење со корона. Така да, да очекувам да ги прифатат овие 14 дена ни ден повеќе ни ден помалку“, кажа Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО