(ВИДЕО) Мицкоски: Имаме поразителни резултати во енергетиката

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео обраќање рече дека енергетиката е еден од основните столбови во функционирањето на државата и дека со силна и развиена енергетика ќе имаме силно и развиено стопанство.

– За жал во изминатиов период не можеме да се пофалиме со исклучителни резултати, напротив со поразителни резултати, резултати кои што уриваат негативни рекорди. Доколку го погледнете диспечерскиот извештај што го објавува МЕПСО и кој што се реферира на производството кое што го имаат државните електрани во последниот четврти квартал од 2017 година, ќе видите дека производството во последниот четврти квартал во 2017 година е за од прилика за 12% послаб од оној четврти квартал во 2016 година. Трендот на намалено производство на електрична енергија во Електрани на Македонија продолжува и во првите два месеци од 2018 година. Ако го споредите јануари месец 2018 година со јануари месец од 2017 година, ќе видите намалено производство за отприлика околу 26 отсто, рече Мицкоски.

Тој додаде дека намаленото производство значи увоз на електрична енергија и намалена ликвидност на АД ЕЛЕМ за отприлика 5,5 милиони евра.

– Вториот показател кој што исто така влијае негативно врз развојот на електроенергетскиот систем во Република Македонија, е опишан во овој извештај кој што го објавува Европската енергетска заедница, а тој се вели мониторинг извештај на напредокот на реформите кои што ги спроведува секоја држава. За Република Македонија 4 столбови се карактеристични, првиот е развојот на пазарот на електрична енергија, или тн. спот маркет дивелопмент, вториот претставува балансирањето или урамнотежувањето прекугранично -крос бордер балансинг, третиот претставува регионалната алокација на прекугранични капацитети и четвртиот претставува интерсекторски мерки кои што треба да се усогласат, рече Мицкоски.

Според него, во ниту еден од овие четири столбови, по кои се квантифицира напредокот во реформите во електроенергетскиот систем немаме напредок.

-Немаме напредок од бомбастично најавуваните реформи за време на Самитот во Трст, кој што беше одржан минатата година. Оваа криминална и неспособна влада треба да замине. Доаѓа нова надеж за Република Македонија, заврши Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива. најави Мицкоски