(ВИДЕО) Мицкоски: Иден претседател на Република Македонија е Гордана Силјановска Давкова

Од:

„Денеска сме овде во Прилеп на овој голем христијански празник Благовец каде што православните христијани чествуваат, слават именден на сите они кои што денеска им е именден им посакувам вечно име многу здравје, среќа, успеси за нив, за нивните семејства се разбира, но и на сите оние православни верници кои што денеска го слават овој ден би сакал да им го честитам и да им посакам многу здравје, среќа, бериќет и успеси на нив и на нивните семејства.

Потоа продолжуваме во југоисточна Македонија, денеска сме во делот на Струмичко, делот на Радовишко, продолжуваме со претседателската кампања она што можам да го кажам е дека се чувствува победничка атмосфера во Република Македонија, насекаде ја чувствуваме енергијата на нашите сограѓани дека иден претседател на Република Македонија е Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и ќе му оставиме можност на претседателот на владата господинот Заев еднаш да си го одржи зборот и да распише предвремени парламентарни избори.

Вчера бев сведоци на еден нервозен реалити стенд ап настан на претседателот на владата господинот Заев, бидејќи и он е свесен дека ситуацијата не е онаа иста како што беше пред две три години кога успеваше на помалку комичен начин со своите лаги да разговара со граѓаните во Република Македонија“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ