(ВИДЕО) Мицкоски и Курти „ја смируваат топката“: Не можеме во исто време да сме премиери, цариници, полицајци и граничари

Од:

Официјален извештај преку кој ќе бидат утвредни фактите за инцидентот со косовската претседателска Вјоса Осамни на скопскиот аеродром, вакви настани да не се повторуваат, Македонија жали, а Косово смета дека е нерпиајтно искуство. Вака зборуваа премиерит на Македонија и на Косово Христијан Мицкоски и Албин Куртин денеска на заедничката прес конференција во Скопје откако три дена од двете страни се лиферуваат разни верзии обвинувања за случката.

Курти потврди дека косовската претседателка Вјоса Османи доживеала непријатно искуство на аеродромот во Скопје, особено поради тоа што таа била заедно со семејството, со двете мали ќерки. Вели и дека официјалните институции од Косово не го квалфикувале настанот како директна провокација.

– Државниците во Македонија изразија жалење и наскоро ќе има официјален извештај со кој ќе се расчисти целосно овој случај – рече Курти.
Не знам дека сме имале таков став. Можеби некој го кажал тоа, но не и институциите на Република Косово. Косовското МНР даде свој став и нашата цел треба да биде вистината да излезе на виделина и не смее да има тензии. Јас и премиерот Мицкоски не можеме во исто време да сме премиери, цариници, полицајци и граничари. Во однос на суштината на прашањето, верувам дека сите потребни мерки се преземаат и дека нови слични инциденти нема да се случуваат во иднина – одговори Курти.

Не само што не се нарушени дипломатските односи, туку тие ќе добијат уште подобра димензија во иднина, додаде Мицкоски.

– Што се однесува до случајот, ќе повторам дека разликата помеѓу овој случај и претходните два случаја, кои се случиле на скопскиот аеродром, е тоа што сега има јавност. Јас слушав изјави од типот дека некои политичари црвенееле од срам, но претпоставувам дека црвенеат и поради двата слични инцидента кои се случувале и во 2023 година. Но, сега имаме јавност, а тогаш немаше јавност. Оваа влада е демократска и отворена, а не е како претходната. Уште еднаш ќе кажам дека жалиме за инцидентот. Се понудив следниот пат кога ќе патува Вјоса Османи, лично јас да ја пречекам на скопскиот аеродром и ќе ја придружувам сѐ додека не го напушти аеродромот. Што се однесува до лицето кое го предизвикало инцидентот на аеродромот, ако извештајот покаже дека е виновно, тогаш сигурно ќе има одговорност за тоа лице. Додека јас сум премиер, лица над законот нема да има – изјави Мицкоски.

Претоходно, двајцата премиери се согласија дека двете земји имаат зголемена трговска размена од околу половина милион евра.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже, вели премиерот

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Со предлогот што го нудиме за уставните измени, ние сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај

А1он

СДСМ: Мицкоски најави историско понижување на трудот на здравствените работници

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Мицкоски уште смета дека договорот со „Бехтел и Енка“ е криминален и антидржавен, но прекинот е поштетен